ноември 14, 2024

[ИНТЕРВЈУ] Симона Пејовска, Пивара Скопје: Да се започне кариера во индустриjата за пиjалаци, значи да се прифатат променливоста и брзината на индустриjата, да се стреми кон континуирано учење и да се градат силни односи со професионалци од различни области.

ГЕА: Што те мотивираше да ја започнеш со работење во овој сектор, и како гледаш на еволуцијата на твојот кариерен развој?


Симона Пејовска: Желбата за постојано учење, напредок и поразлична песрпектива пред се. За некој кој доаѓа од финасискиот свет, е значаен предизвик да се биде дел од тимот кој ја креира самата инвестициска стратегија на компанијата и ја има можноста директно да влијае кон дефинирање на процесите и кон задоволството на купувачите. Еволуцијата на кариерата ја гледам како професионален и личен развој водени од континуирана едукација и градење на односи со врвни професионалци. Како личност која е секогаш отворена кон нови предизвици, сметам дека кога се пристапува кон било која  работа со ентузијазам и желба за раст, полесно е да се задржи мотивацијата и да се инспирира и гради една култура на прифаќање, промени и иновација.


ГЕА: Како иновациите и дигиталните технологии влијаат на стратегиите кои ги креирате во Пивара Скопје, особено во контекст на задоволување на очекувањата на купувачите?


Симона Пејовска: Една од главните вредностите која ја живееме како компанија е Купувачот на прво место. Постојаното следење на тековните трендови и дигиталниот развој очекува од нас брзо прилагодување на динамиката во секојдневното работење. Размислуваме во насока на пронаоѓање и промовирање на иновативни и дигитални решенија кои ќе ги задоволат очекувањата на купувачите и ќе го подобрат целокупното искуство со нас, како деловен партнер. За таа цел во фокусот на сите наши досегашни и идни стратешки иницијативи се иновациите и дигиталните технологии. Истражуваме, анализираме и се прилагодуваме согласно промените и потребите на пазарот.


ГЕА: Еден момент во твојата кариера на кој си особено горда? Што го прави тој момент посебен?


Симона Пејовска: Секоја една  успешна тимска работа ме прави горда. Сепак, во голема корпорација, спроведување на еден E2E процес е навистина предизвикувачки бидејќи бара сихронизација на различни луѓе, функции и процеси. Особено сум горда на секој успешно имплементиран процес, лансирање на нови иновации преку кои секојденовно го подобруваме искуството на нашите купувачи.


ГЕА: Твој совет за некој кој сака да започне кариера во индустријата за пијалаци?


Симона Пејовска: Индустријата за пијалаци се одликува со особено брзо темпо и постојано се менува, водена од потрошувачките трендови и технолошкиот напредок. Мојот совет би бил да се прифатат овие карактеристики како начин на размислување, надополнети со желба за раст преку континуирано учење и прилагодливост на промените. Самата индустрија е прилично динамична и нуди можности за различни искуства, градење на односи со врвни професионалци и партнери од индустријата и се разбира секогаш одлични дружби. И на крај, без разлика на индустријата и позицијата, залагајте се за разновидност и вклученост, бидејќи токму тие тимови се оние кои успешно ги водат процесите и ја подобруваат бизнис соработката и резултатите.

Можеби ќе ве интересира...