Носител на дигиталниот беџ

КАСИС АД СКОПЈЕ

Родова еднаквост и инклузивност во пракса

КаСис е водечка компанија во областа на платежните картички, електронските плаќања и е-трговијата, која обезбедува услуги за банки, финансиски институции и други организации во земјата и регионот.

Покрај високите стандарди за безбедност и квалитет, компанијата е посветена и на создавање инклузивна работна средина во која еднаквите можности се дел од секојдневната практика.

Безбедност и квалитет

Инклузивна средина

Жени во лидерство

Together for Equality in the Workplace Badge

Во бројки

55

Вкупно вработени

25 (45%)

Жени

30 (55%)

Мажи

50%

Жени на менаџерски позиции
6 од 12

67%

Жени во Управен одбор
2 од 3

Жена

Претседател на
Управен одбор

Практики што ја поддржуваат инклузивноста

  • Нулта толеранција за дискриминација
  • Родова еднаквост вградена во интерните политики и Етичкиот кодекс
  • Флексибилни работни аранжмани
  • Хибриден модел на работа
  • Поддршка при враќање од породилно отсуство
  • Поттикнување на жени во технички и лидерски улоги
  • Активно учество на жените во процесите на донесување одлуки

Што ја издвојува CASYS?

КаСис покажува дека застапеноста на жените во лидерството не е случајност, туку резултат на организациска култура која ги препознава компетенциите, еднаквите можности и инклузивното носење одлуки. Со балансирана застапеност на жени на менаџерски позиции и мнозинско женско присуство во Управниот одбор, компанијата претставува позитивен пример за родова еднаквост во ИТ и финтек секторот.

Беџот „Together for Equality in the Workplace“ е симбол на поддршка и посветеност кон создавање поеднакви, поинклузивни и поддржувачки работни средини. Го доделуваме на компании, организации и партнери кои активно придонесуваат кон унапредување на еднаквите можности и еднаквиот третман на работното место.

Беџот може да биде поставен на веб страници, e-mail потписи, социјални медиуми и други комуникациски материјали како јавно признание за поддршката кон вредностите што ги промовира GEA.

Дознајте повеќе за иницијативата и останатите носители на беџот.

Види ги сите носители →
```