За нас

Кои сме ние

За ГЕА

Алијансата за родова еднаквост на работното место (Gender Equality Alliance – GEA) е основана во 2022 година со цел да го поттикне унапредувањето на родовата еднаквост и инклузивноста на работното место. 

Алијансата работи на создавање еднакви можности преку промовирање на добри бизнис практики, јакнење на улогата на жените во дигиталната економија и искористување на потенцијалот што го нудат дигитализацијата и е-трговијата.

Работата на GEA е поддржана од партнери и поддржувачи од приватниот сектор и поширокиот екосистем и е призната како UN Women Commitment Maker.

Нашата работа

Три клучни столбови

Еднаква плата за еднаква работа

Еднаква застапеност на сите нивоа и позиции

Еднакви можности за напредок и развој

Алијансата има за цел да претставува платформа преку која компаниите ќе можат активно и лидерски да придонесуваат кон промовирање на родовата еднаквост на работното место. Поддржана од приватниот сектор, GEA внимателно соработува со партнери кои се посветени на тоа да бидат позитивен пример во создавањето поправедни и поинклузивни работни средини.

ПАРТНЕРИ И ПОДДРЖУВАЧИ

Поддржана од приватниот сектор, Алијансата соработува со компании кои преку годишно партнерство активно придонесуваат за подигнување на јавната свест, споделување на добри практики и развој на иницијативи што поттикнуваат еднакви можности на работното место.

Активности

Иницијативи што создаваат влијание

Преку конференции, кампањи и работилници, GEA поттикнува лидерство, финансиска писменост, дигитални вештини и економско зајакнување на жените.

ОДБОР

СОВЕТ НА ГЕА

GEA функционира со совет составен од професионалци и експерти од бизнис секторот, академската заедница и меѓународните организации

Нина Ангеловска Станков

Претседателка на АЕТМ и ГЕА

Филомена Пљаковска Аспорвска

Главен Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор на КаСис Ад

Марија Томеска

Претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување

Маја Наумовска Савевска

ПР & Маркетинг директор на Халк Банка

Емил Крстановски

Национален координатор во Меѓународната организација на трудот

Димитар Атанасовски

Генерален директор на Идеа Лаб

Борче Треновски

Професор на Економски факултет - Скопје, УКИМ

Марија Ристовска

Раководител на ГЕА

Еднаквост насекаде

GEA е дел од глобално движење за еднаквост

Gender Equality Alliance (GEA) е дел од Commitment Makers на Generation Equality Forum Action Coalition иницијативите за Technology & Innovation for Gender Equality и Feminist Movements & Leadership.

Преку глобална соработка и заеднички иницијативи  придонесуваме кон поинклузивно и поеднакво општество со реално влијание.

]

Стани дел од ГЕА заедницата

Заедно градиме работни средини во кои еднаквоста, инклузивноста и поддршката се вредности што носат вистинска промена.

Придружи се →
```