ГЕА: Што најмногу те мотивира во твојата работа со луѓето и во процесот на развој на нивните вештини?
Маја Илиевска: Големината на лидерот се гледа преку знаењето кое го пренесува, колку ученикот ке го надмине менторот. Исклучително сум гордa на можноста дирекно да учествувам во градење на сегашните и идни генерации на најдобриот Supply Chain тим во Пивара Скопје. Тајната на успехот е токму во тимот, најважни се нашите луѓе – нивната неприкосновена посветеност, која го вклопува ентузијазмот на младешкиот дух и апсолутното искуство кое го носат постарите.
ГЕА: Кои се најголемите промени што си ги забележала во областa во која работиш и како успешно се адаптираш на тие промени?
Маја Илиевска: Промените се секогаш присутни, во нашето професионално или приватно опкружување. Од аспект на стекнување на нови знаења и вештини би ги издвоила дигитализацијата и различниот пристап во учењето кај младите генерации.
Дигитализацијата се поинтензивно навлегува во сите сегменти на нашето работење, преку т.н. “e-learnings”отворајќи сосема нови можности за интерактивно учење од далечина, учење со визуализација и симулација на потполно истите услови во кои би се нашол вработениот, како и учење според сопственото темпо и прилагодување на дневните агенди . Младите генерации имаат сосема поразличен пристап во учењето, каде веке не е доволно само пишан збор туку исклучително е важна практичната настава на “работно место” преку покажување на соодветни примери, симулација на реални работни услови или дирекно учество на „ученикот” во едноставни задачи на самото работно место.
Академијата за Supply Chain која е специјално дизајнирана за потребите на нашиот бизнис е наша клучна развојна програма која ни помага во тој процес на адаптација. Во рамките на Академијата нашите вработени посетуваат низа обуки и извршуваат практични задачи, за унапредување на нивните вештини и знаења, вклучувајќи меѓусекторска програмска рамка, основни лични и лидерски вештини.
ГЕА: Една работа што ја имаш научено во твојата кариера, а која била клучна за твојот раст?
Маја Илиевска: Упорноста никогаш не излегува од „мода”. Посветеноста е предуслов за постигнување на зацртаната цел.
ГЕА: Твој совет за некој кој сака да започне кариера во индустријата за пијалаци?
Маја Илиевска: Успехот никогаш не доаѓа од поединци, сите заедно работиме за да испорачаме максимален квалитет кон нашите купувачи. Работењето во фабрика е како „трчање со штафета”, дисциплината и тимската работа се пресудни за успех, затоа што секој од нас е клучна алка во ланецот за снабдување.




