ноември 18, 2024

[ИНТЕРВЈУ] Маја Грнева, Халкбанка: „Важни се луѓето“ – оваа порака jа одразува суштината на моите приоритети, кои се насочени кон целосно разбирање на потребите на клиентите, градење взаемна доверба и надминување на нивните очекувања преку современи услуги и технологии.

ГЕА: Како директорка на филијалата, кои се твоите приоритети во одржувањето на високи стандарди во услугата кон клиентите?


Маја Грнева: “Важни се луѓето”
е порака која најдобро ги рефлектира вредностите на Халкбанк. Познавањето и целосното разбирање на потребите на клиентите, изградената взаемна доверба и грижата кон нив од една страна, како и способноста и спремноста да се исполнат и надминат нивните очекувања со широкиот спектар на услуги и продукти кои ги нуди Халкбанк по најновите трендови на технологија и дигитализација резултура со испорачување на високо квалитетна и брза услуга.


ГЕА: Кои практики ги користиш за да се осигураш дека твојот тим е во тек со новите трендови и технологии во банкарскиот сектор?


Маја Грнева:
Во денешниот динамичен свет каде секојдневно се соочуваме со нови трендови и технологии посебно во банкарскиот сектор, практикувам секојдневна комуникација со тимот и споделување секој на сопственото искуство од секојдневното работење со цел што е можно побрзо адаптирање и поактивно следење на новите технологии. Со оглед на тоа што сме тим од млади и енергични луѓе што се во тек со новите технологии и модерни услуги кои се нудат, успешно успеваме да ги следиме и да им ги доближиме и на нашите клиенти.


ГЕА: Кој е твојот најголем мотивирачки фактор во кариерата, и што те води да продолжиш да се развиваш во твојата лидерска улога?


Маја Грнева:
Чувството кога знам дека сум дала сопствен придонес во остварување на некоја цел и постигнување на успех ми дава мотовација за остварување на уште поголеми цели, додека можноста за надоградување, личен раст и развој и можноста да се гради, мотивира и работи со тим со кој заедно ќе се остварат поставените цели ме води понатаму да се развивам во оваа улога. Освен работата која ме мотивира, мој најголем мотивирачки фактор е и моето семејство кое ми дава подршка, енергија и желба да продолжам понатаму.


ГЕА: Твој совет за некој што сака да започне кариера во банкарскиот сектор?


Маја Грнева: Банкарскиот сектор им нуди различни можности за кариерен развој на оние кои би го избрале како професија. Имаат безброј можности за напредок и раст доколку се спремни постојано да учат, да бидат посветени кон она што го работат, континуирано да го усовршуваат своето знаење и да ги препознаат предизвиците во новите времиња.

    Можеби ќе ве интересира...