ноември 18, 2024

[ИНТЕРВЈУ] Ивана Мицковска, Халкбанка: Моето наjголемо постигнување е изградбата на долгорочни релации со клиентите, кои ни jа доверуваат своjата визиjа и иднина.

ГЕА: Гледајќи ретроспективно на твојата кариера, кои се твои најголеми достигнувања на кои си особено горда?

 

Ивана Мицковска: Како најголемо достигнување на кое сум особено горда се бројните лојални и задоволни клиенти, клиенти кои не препорачуваат на други клиенти, клиенти кои се советуваат со нас кога имаат потреба од нешто без разлика дали е тоа во доменот на банкарството или нешто друго. Од работни позиции би сакала да ги издвојам Раководител на смена, Регионален директор за корпоративни клиенти, меѓутоа најголемо достигнување на кое сум посебно горда е мојата моментална позиција Директор на Филијала Гевгелија, Халкбанк АД Скопје.


ГЕА: Кои се главните трендови што ги забележуваш во банкарството, и како ти и твојот тим се адаптирате на овие промени во вашата филијала?

 

Ивана Мицковска: Главните трендови што ги забележувам во банкарството се дигитализацијата, зголемената побарувачка за персонализирани услуги и еволуцијата на финансиските технологии. Овие промени бараат банките и нивните тимови да бидат побрзи, пофлексибилни и поиновативни со цел задоволување на потребите на клинтите и справувањето со конкуренцијата.


ГЕА: Која е една клучна работа што ја имаш научено за водење и менаџирање на тим, а која сметаш дека е од суштинско значење за секој кој е во лидерска улога?

 

Ивана Мицковска: Според мене тимот е една голема фамилија, каде секој се грижи за своите членови. За ефикасно лидерство имам научено дека две клучни работи се од суштинско значање, а тоа се, важноста на комуникацијата и довербата во тимот. Создавање продуктивна, позитивна и инспиративна работна средина, како и развојот и мотивираноста на тимот. 


ГЕА: Твој совет за некој што сака да започне кариера во банкарскиот сектор?


Ивана Мицковска: Моето 18-годишно банкарско искуство ме има научено на многу работи. Мојот совет би бил да бидат подготвени на постојано учење и адаптирање на новите трендови и прилагодување на секаков тип на карактери и ситуации. Банкарството е динамична индустрија која бара силни аналитички способности и постојана посветеност на клиентите. Успехот доаѓа со трпение, работа и постојано усовршување на знаењето и вештините.

Можеби ќе ве интересира...