Во текот на вашата долгогодишна кариера во компанијата, почнувајќи како Finance Support & Compliance па преку финансова директорка до генерална директорка, кои искуства или достигнувања ви се најзначајни и најисполнувачки?
Катерина: За мене, професионалниот раст секогаш значел континуирано учење и усовршување. Во еден таков процес, најголемата предност е тоа што ја запознаваш компанијата многу детално, ги знаеш сите нејзини слабости, предизвици и потенцијали. Тоа е едно такво значајно искуство кое те прави сигурен во одлуките. Особено кога бев соочена со предизвикот да направам стратешко репозиционирање на компанијата. Познавајќи ги луѓето е другото искуство кое би сакала да го истакнам, затоа што јас верувам во успех на тимот. За мене најзначајно исполнување е успешното етаблирање на секундарниот пазар на нефункционални пласмани во нашата земја, додека пак најисполнувачко остварување беше заживувањето на корпоративната култура заснована на вредности и принципиелно работење.
Како денес го дефинирате успехот, дали тој за вас е поврзан со остварените резултати, влијанието врз луѓето, личното задоволство или со нешто сосема трето?
Катерина: Успех за мене е остварување на поставените цели кои значат промена. Во динамично деловно опкружување, способноста да се препознаат новите можности и навреме да се реагира со соодветна промена на начинот на кој дотогаш ги практикуваме нештата е клучно за долгорочен развој. Вистинскиот успех, според мене, значи континуирано унапредување и развој – преку иновации, дигитализација и подобрување на деловните процеси. Вистинскиот успех е сето ова да го правиш градејќи силни тимови.
Како се носите со критика и дали постои момент кога таа станала двигател на вашиот професионален раст?
Катерина: Верувам мислите на споделување мислење или feedback. Јас негувам култура на споделување на мислење или како вие го нарекувате овде критика. За мене, конструктивната критика е многу важна, бидејќи помага да се добие поинаква перспектива и да се донесат подобри одлуки. Кога се носат важни одлуки кои влијаат врз многу луѓе, природно е тие одлуки понекогаш да бидат предмет на различни мислења и реакции и затоа треба да постои отворен дијалог.
Дали постоеле ситуации кога сте почувствувале дека треба да вложите повеќе, само затоа што сте жена на лидерска позиција?
Катерина: Најголемиот предизвик за жените кои градат кариери или се на лидерски позиции го носи мајчинството. Затоа, важно е да создававме средина во која жените ќе се чувствуваат поддржани да ги развиваат своите потенцијали и да преземаат лидерски улоги. Јас сум ја имала и ја имам таа подршка. Во последните години постои значителен напредок во поглед на улогата на жените во лидерството, но сè уште има простор за подобрување.
Како вашата организација ја промовира и поддржува родовата еднаквост и кои конкретни позитивни промени сте ги забележале од тие активности?
Катерина: Мојата организација успехот на поединецот не го гледам низ призмата на полот, туку преку знаењето, посветеноста и вредноста што секој поединец ја носи во организацијата. Во ЕОС културата на родова еднаквост е важен предуслов за создавање здраво, инклузивно и одржливо деловно опкружување што ја зајакнува правичноста во работната средина и создава услови за поголема креативност, иновации и подобри деловни резултати.
Што би им порачале на младите професионалци, зошто е важно навреме да ја развијат својата финансиска писменост и да научат да управуваат со финансии пред да водат тим или организација?
Катерина: Секој деловен потфат или успех е директно зависен од финансиите. Не треба да се плашат од математика и бројки. Се што е засновано на логика е лесно за разбирање. Бизнисот е заснован на здрава логика. Затоа треба да бидат љубопитни и отворени за учење. Да не се плашат да поставуваат прашања, да преземаат иницијатива и најважно од сè, особено за новите генерации е да излегуваат од својата комфор зона. Токму преку таквите искуства се развиваат самодовербата, лидерските способности и способноста за донесување одлуки.




