Носител на дигиталниот беџ

САВА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО А.Д. СКОПЈЕ

Инклузивно лидерство и грижа за вработените – моделот на Сава Пензиско

Сава пензиско друштво а.д. Скопје е основано во 2005 година, со единствена дејност управување со Отворен задолжителен пензиски фонд „Сава пензиски фонд“ и Отворен доброволен пензиски фонд „Сава пензија плус“.

Компанијата работи со висока посветеност кон финансиска сигурност и одржлива иднина за своите членови, вработени, партнери и сопственици, со акцент на етика, транспарентност и одговорно работење.

Финансиска сигурност

Етика и транспарентност

Инклузивно лидерство

Together for Equality in the Workplace Badge

Во бројки

46

Вкупно вработени

21

Жени

25

Мажи

2/3

Жени во Управен одбор
две жени и еден маж

Жена

Компанија предводена
од жена

2005

Година на основање

Практики што ги поддржуваат вработените

  • Equal pay for equal work
  • Транспарентни и еднакви критериуми за унапредување и награди
  • Политика за нулта толеранција кон дискриминација и вознемирување
  • Нулта толеранција за сексистички хумор и микроагресии
  • Родово неутрално родителско отсуство
  • Доброволно здравствено осигурување за сите вработени со дополнителен пакет за бременост и породување
  • Тренинзи и обуки за развој и поддршка на лидерски вештини

Што ја издвојува Сава Пензиско?

Сава Пензиско Друштво покажува дека родовата еднаквост и грижата за вработените не се само декларативни политики, туку интегрален дел од секојдневното работење и од долгорочната организациска стратегија. Напредувањето и развојот на вработените се базираат на компетенции, резултати и професионален потенцијал, без оглед на пол, род или семеен статус. Компанијата активно гради инклузивна и родово сензитивна работна средина, што се потврдува и преку бројните европски и светски награди и признанија.

Беџот „Together for Equality in the Workplace“ е симбол на поддршка и посветеност кон создавање поеднакви, поинклузивни и поддржувачки работни средини. Го доделуваме на компании, организации и партнери кои активно придонесуваат кон унапредување на еднаквите можности и еднаквиот третман на работното место.

Беџот може да биде поставен на веб страници, e-mail потписи, социјални медиуми и други комуникациски материјали како јавно признание за поддршката кон вредностите што ги промовира GEA.

Дознајте повеќе за иницијативата и останатите носители на беџот.

Види ги сите носители →
```