На 12 март, во хотел Мериот Скопје, се одржа гала вечерта Ecommerce Awards 2024, организирана од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Оваа престижна манифестација, која се одржува по четврти пат, има за цел да ги препознае и награди најдобрите е-трговци во земјата. Настанот привлече голем број гости, меѓу кои членови на Асоцијацијата, поддржувачи, партнери, жири-комисијата, како и најуспешните е-трговци во Македонија.
Ecommerce Awards има клучна улога во развојот на македонската е-трговија, истакнувајќи ги најдобрите практики, иновации и достигнувања во индустријата. Наградите претставуваат признание за посветеноста, иновативноста и врвната услуга на е-трговците, но воедно служат и како мотивација за понатамошен напредок. Овој натпревар не е само избор на најдобрите – тоа е иницијатива што ја зголемува конкурентноста, дава глас на потрошувачите и го поттикнува развојот на целокупниот е-трговски екосистем.

Оваа година, во рамки на Наградите за е-трговија, беа доделени 43 награди во 23 категории, препознавајќи ги најуспешните е-трговци според нивните достигнувања во различни области.
Категоријата „Најдобра е-продавница основана од жена“ беше powered by GEA во чии рамки беа доделени награди за прво, второ и трето место. аградите ги додели Марија Ристовска, Раководителкка на GEA.
Добитници на наградите се:
Прво место: https://coslovemetics.mk/
Второ место: https://smartliving.mk/
Трето место: https://www.vitalia.com.mk
Победниците во останатите категории се објавени на официјалната веб-страница на натпреварот: ecommerceawards.mk/pobednici
GEA ќе продолжи да ги поддржува девојките и жените во нивните претприемачки амбиции, да создава еднакви можности во е-трговијата и да ги препознава и наградува лидерите кои придонесуваат кон инклузивен развој!

#EcommerceAwards #WomenInEcommerce #EcommerceMK #SuccessStories




