October 6, 2026

Brain & Business Vol. 3: Знаење, тимски дух и вмрежување на третото издание на GEA бизнис квизот

Со 70 учесници кои беа претставници на компании, партнери, поддржувачи и пријатели на Алијансата за родова еднаквост – GEA се собраа на третото издание на Brain & Business, традиционалниот бизнис квиз на Алијансата, кој оваа година се одржа во Ria Restaurant & Bar во Скопје.

Во опуштена after-work атмосфера, 13 тимови ги тестираа своите знаења преку прашања од различни области, со посебен акцент на теми поврзани со бизнисот и успешните жени. Вечерта беше исполнета со натпреварувачки дух, дружење и вмрежување, но пред сè со одлична енергија меѓу учесниците.

Третото издание на Brain & Business беше организирано во партнерство со Сава Пензиско друштво, еден од главните партнери на GEA, но и победничкиот тим од минатогодишното издание на квизот.

Brain & Business е настан кој GEA го организира трета година по ред, со цел покрај иницијативите и активностите посветени на унапредување на родовата еднаквост во деловното опкружување, да создаде и неформален простор во кој партнерите, поддржувачите и пријателите на Алијансата можат да се запознаат, да се поврзат и да ја зајакнат GEA заедницата.

„Особено ни е драго што Brain & Business веќе прераснува во традиција која нашите партнери и пријатели ја препознаваат и со задоволство ѝ се враќаат. GEA не ја градиме само преку проектите и иницијативите што ги реализираме, туку и преку заедницата што ја создаваме околу заедничката заложба за еднакви можности. Околу 70 присутни и 13 тимови на третото издание ни покажуваат дека токму ваквите неформални средби се одлична можност дополнително да ја поврземе таа заедница“, истакна Марија, раководителка на Алијансата за родова еднаквост – GEA.

По неколку рунди прашања и неизвесна борба за највисок пласман, првото место на Brain & Business Vol. 3 го освои тимот на Impact Solutions. На второто место се пласираше тимот на Philip Morris – TKP, додека третото место му припадна на тимот на EOS Matrix.

За трите најуспешни тимови беа обезбедени пехари и ваучери за Ria Restaurant & Bar од страна на Сава Пензиско друштво, како дополнителна награда за покажаното знаење и тимски дух.

Со Brain & Business Vol. 3, GEA продолжува да гради заедница на компании, организации и поединци кои ја препознаваат важноста на еднаквите можности, но и вредноста на меѓусебното поврзување, размената на искуства и соработката.

Голема благодарност до Сава Пензиско друштво, еден од главните партнери на GEA, за континуираната поддршка, партнерството во реализацијата на Brain & Business Vol. 3 и обезбедените награди за најуспешните тимови, како и до сите 13 тимови и околу 70 гости кои со својата енергија придонесоа за уште едно успешно издание на Brain & Business.

Можеби ќе ве интересира...