January 23, 2024

Новогодишно дружење со партнерите и пријателите на ГЕА

Во сезоната на предновогодишни забави и прослави, во соработка со тимот на Paint & Wine Skopje на 13.12. организиравме малку поинакво и уникатно новогодишно дружење во друштво на нашите драги партнери и пријатели кои со себе ја понесоа нивната добра енергија со цел успешно и на креативен начин да ја заокружиме изминатата година.


Уметноста и виното често одат рака под рака, а на ова дружење со повеќе од 40 партнери и пријатели на ГЕА од приватниот и јавниот сектор сликавме токму на тема инспирирана од родовата еднаквост, дигустиравме квалитетно вино од мали семејни винарии и ги разбудивме уметниците во себе.

Можеби ќе ве интересира...