March 7, 2025

Жените како лидери на промените во претприемништвото и инвестициите

Во свет каде што жените сè уште се соочуваат со предизвици за еднаков пристап до ресурси, финансирање и можности, создавањето поддржувачки екосистем за нивниот успех е повеќе од неопходно – тоа е императив. По повод Меѓународниот ден на жената, Алијансата за родова еднаквост (GEA), со поддршка на Swiss EP, организираше две значајни работилници посветени на жените претприемачки и инвеститорки.


Овие работилници не само што ги зајакнуваат жените со конкретни знаења и вештини, туку и ги инспирираат да направат чекор напред.


8-ми март е ден за славење на силата, храброста и истрајноста на жените ширум светот. Го одбележуваме нивниот успех, но и се потсетуваме дека има уште чекори до целосна родова еднаквост.



Првата работилницата „Јакнење на стартапи водени од жени“ се оддржа на 4ти март во Стартап клуб Скопје, каде 15тина жени-претприемачи од Македонија имаа можност да ги истражат можности за собирање на финансии за нивните бизниси и да ја зајакнат својата финансиска подготвеност.


Пристапот до финансирање останува еден од најголемите предизвици за жените претприемачи, но инвестициите во бизнисите водени од жени се клучен двигател на економскиот развој. Оваа работилница ги опреми учесниците со знаења и вештини за разбирање на клучните финансиски метрики, подготовка за pitch на своите бизниси и подготовка за due diligence процесот. Сесиите беа фокусирани на изработка на предлози за финансирање, подобрување на говорите и како да изградат односи со потенцијалните инвеститори.


Инспиративното предавање го водеше Maaike Doyer, основач на Epic Angels, најголемата мрежа на жени инвеститори во APAC и LATAM. 


Maaike Doyer – основач на Epic Angels

Втората работнилница „Жени лидери кои инвестираат во иднината” се оддржа на 5ти март во Хотел Парк, каде 18 жени лидери ги истражија можностите за инвестирање и поддршка на бизниси, фокусирајќи се на можностите за поддршка на стартапи предводени од жени и создавање профит.



Работилницата опфати различни теми, како што се улогата на ангелските инвеститори во поддршката на стартап бизнисите, разбирање на инвестициите во рани фази и навигација низ процесот на донесување одлуки во инвестициите во стартапи. 


Учесниците научија за опциите и можностите за инвестирање и добија увиди преку студии на случај за успешни стартапи поддржани од ангелски инвеститори. Експертите споделија како функционира, клучни аспекти, како и како да се навигира низ проценките на стартапите, но исто така и кои се ризиците од инвестициите.

Денот заврши со сесија за пичување од страна на два домашни стартапи – Мирјана Јосифовска и DINNA кои ги презентираа своите идеи пред жени лидери и инвеститори. 
Предавање го водеше Maria Carolina Romero, Глобален експерт за развој на инвеститорски заедници и високо-технолошки стартапи низ Европа и регионот на Блискиот исток и Северна Африка (MENA).

Благодарност до Елена Хаџи Пецова – Менаџер на CEED Business Club Macedonia и Гого Рафајловски – Ангел инвеститор во  Zephyr Angels.


Maria Carolina Romero – Глобален експерт за развој на инвеститорски заедници и високо-технолошки стартапи

Секој напор, секој чекор напред, секоја жена која ги преминува бариерите и ги поместува границите на можностите, е инспирација за нас сите. 8-ми март не е само ден за славење, туку и ден за размислување за тоа што сè можеме да постигнеме кога работиме заедно, кога ги поддржуваме и охрабруваме една друга да бидеме најдобри верзии на себе.


Можеби ќе ве интересира...