САВА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО А.Д. СКОПЈЕ
Инклузивно лидерство и грижа за вработените – моделот на Сава Пензиско
Сава пензиско друштво а.д. Скопје е основано во 2005 година, со единствена дејност управување со Отворен задолжителен пензиски фонд „Сава пензиски фонд“ и Отворен доброволен пензиски фонд „Сава пензија плус“.
Компанијата работи со висока посветеност кон финансиска сигурност и одржлива иднина за своите членови, вработени, партнери и сопственици, со акцент на етика, транспарентност и одговорно работење.
Финансиска сигурност
Етика и транспарентност
Инклузивно лидерство
Во бројки
Вкупно вработени
Жени
Мажи
Жени во Управен одбор
две жени и еден маж
Компанија предводена
од жена
Година на основање
Практики што ги поддржуваат вработените
- Equal pay for equal work
- Транспарентни и еднакви критериуми за унапредување и награди
- Политика за нулта толеранција кон дискриминација и вознемирување
- Нулта толеранција за сексистички хумор и микроагресии
- Родово неутрално родителско отсуство
- Доброволно здравствено осигурување за сите вработени со дополнителен пакет за бременост и породување
- Тренинзи и обуки за развој и поддршка на лидерски вештини
Што ја издвојува Сава Пензиско?
Сава Пензиско Друштво покажува дека родовата еднаквост и грижата за вработените не се само декларативни политики, туку интегрален дел од секојдневното работење и од долгорочната организациска стратегија. Напредувањето и развојот на вработените се базираат на компетенции, резултати и професионален потенцијал, без оглед на пол, род или семеен статус. Компанијата активно гради инклузивна и родово сензитивна работна средина, што се потврдува и преку бројните европски и светски награди и признанија.
Беџот „Together for Equality in the Workplace“ е симбол на поддршка и посветеност кон создавање поеднакви, поинклузивни и поддржувачки работни средини. Го доделуваме на компании, организации и партнери кои активно придонесуваат кон унапредување на еднаквите можности и еднаквиот третман на работното место.
Беџот може да биде поставен на веб страници, e-mail потписи, социјални медиуми и други комуникациски материјали како јавно признание за поддршката кон вредностите што ги промовира GEA.
Дознајте повеќе за иницијативата и останатите носители на беџот.
Види ги сите носители →