September 25, 2025

Leadership Insights со Маја Наумовска Савеска, Директорка на маркетинг и корпоративни комуникации, Halkbank

Дали постои некојa книга, филм или песна која што влијаела во кариерата?

‎

Маја: Да, сигурно.
‎

Но, не станува збор за една книга, песна или еден филм.

‎
Вистинската инспирација се наоѓа во моментите кога ќе препознаеш дел од себе во некоја приказна или ситуација. Некогаш тоа е книга што тера да размислуваш подлабоко, некогаш филм и улога во која може да се замислиш себеси, некогаш песна и стих што умее да крене енергија или расположение. Вакви ситуации и сценарија сигурно во даден момент на некој начин ми влијаеле како во лично, така и во поле на кариера.

‎

Што би ѝм советувале на младите што штотуку започнуваат кариера во маркетинг или комуникации? Што би сакале Вие да знаете на почетокот?

‎

Маја: Би им рекла да бидат љубопитни, да научат да слушаат повеќе и да го следат пулсот на околината во која сакаат да творат и со која сакаат да комуницираат. 

‎

Доколку се одлучат да работат во маркетинг индустријата во било која дејност (производ или услуга), да го запознаат самиот производ или услуга во целост, да ги увидат сите нивни предности, но и маани. Да го запознаат или да го створат духот на брендот. Но пред се, да ги запознаат потрошувачите (моментални и потенцијални) на кои ќе треба да им се обраќаат преку своите маркетинг кампањи и бренд приказни. 

‎

А она во што би сакала да бидам убедена на мојот почеток, е дека секој чекор и секое искуство се прилика да научиш нешто што во иднина ќе ти биде од корист во својот кариерен развој. 

‎

Која одлука најмногу ве обликувала како лидер – и како знаете кога сте на вистинскиот пат, дури и кога нема веднаш резултати?

‎

Маја: Одлуката да бидам автентична. Да сум своја и да сум искрена и одговорна пред тимот со кој работам. Знам дека сум на вистинскиот пат кога вредностите ми се чисти, кога луѓето со кои работам се чувствуваат почитувани и кога и покрај предизвиците, има смисла зошто го правиме тоа што го правиме.

‎

Како ги инспирирате луѓето околу вас кога дури и вие се чувствувате без мотивација?

‎

Маја: Кога немам енергија, не се кријам зад лажна позитивност туку го споделувам тоа со тимот и ја бараме силата заедно.

‎

На сите ни си случува да немаме добар ден или да сме во некоја фаза без инспирација и мотивација. И тоа е сосем во ред. Важно е заеднички да се преброди и да се дојде до подобрување и развивање на мотивацијата.

‎

Како го негувате чувството на припадност и еднаквост во вашата компанија?

‎

Маја: Со тоа што верувам дека мислењето на сите вреди. Во тимот со кој работам има простор да се слушнат сите гласови и различни ставови. А чувството на припадност произлегува од атмосферата и од блискоста која се дели во тимот.

‎

Како го дефинирате успехот во вашата улога – според бројки, влијание или нешто сосема трето?

‎

Маја: За мене, вистински успех е кога креираш трајна вредност. Кога идејата ти живее подолго од кампањата, кога човек ќе каже дека нешто што сме направиле значело и кога тимот расте заедно со тебе.

‎

Што гледате како најголем потенцијал во млади лидери денес?‎

‎

Маја: Храброста да бидат различни. Младите лидери денес носат свежа перспектива и не се плашат да ги менуваат старите правила. Нивниот најголем потенцијал е тоа што не гледаат граници, што се отворени и што имаат можност да следат и учат многу од успешните приказни и пристапи низ светот.

Можеби ќе ве интересира...