GEA организира работилници, едукативни сесии и networking настани насочени кон економско зајакнување, лидерство и професионален развој.
Меѓу позначајните активности е и работилницата за angel investing, организирана за повеќе од 30 учесници, со цел поддршка на startup екосистемот и поттикнување на поголемо учество на жени во инвестиции и претприемништво.
Networking настаните и работилниците на GEA редовно обединуваат претставници од компании, институции, меѓународни организации, медиуми и граѓанскиот сектор, создавајќи простор за соработка, размена на искуства и промоција на позитивни практики.






Преку настаните, работилниците и иницијативите на GEA се создаваат нови партнерства, се споделуваат добри практики и се поттикнуваат конкретни промени кон поинклузивни и поеднакви работни средини.