fbpx

Со кампањата ‘’Мит vs. факт: Откривање на вистината за родовата еднаквост’’ успешно го одбележавме месецот на жената

За да се достигне посакуваната промена во општеството, важно е претходно да се подигне свеста за реалното присуство на проблемите а тоа може да се направи само со споделување на сигурни факти.

Сведоци сме на реалноста во нашето општество каде што полесно е да се наметнат митови кои ќе ги засенат контраверзните факти, наместо да обрнеме повеќе внимание и да поттикнеме промена која би била клучна за достигнување социјална кохезија и економска рамноправност во нашето општество. Како на пример – митот дека родова еднаквост при вработувањето е постигната и дека жените имаат исти можности за полно работно време како и мажите. Тоа всушност беше и главната цел позади нашата кампања во пресрет на месецот на жената, ‘’Мит vs. факт: Откривање на вистината за родовата еднаквост’’. 


Преку различни креативи и квизови пласирани на социјалните мрежи, обработивме важни прашања и проблематики инспирирани од реалната поставеност на економската сфера во нашата држава, кои воедно беа и статистички поддржани од истражувања и студии од Државниот завод за статистика, Светскиот Економски Форум, Светската Банка и Европскиот институт за родова еднаквост. Приказната дека домашните обврски претставуваат еднакви одговорности и за мажите и жените во нашата земја можеби звучи олеснително и ветувачки, но според Светска Банка, жените во С.Македонија трошат 2,8 пати повеќе време на неплатена домашна работа и нега во споредба со мажите.

За да се достигне посакуваната промена во општеството, важно е претходно да се подигне свеста за реалното присуство на проблемите а тоа може да се направи само со споделување на сигурни факти.

 

 

Кулминација на кампањата, пласирана на социјалните мрежи беше Networking Brunch & Quiz каде што заедно со нашите соработници, партнери, поддржувачи на GEA и претставници од бизнис секторот имавме можност да продискутираме околу проблематиката поврзана со родовата (не)еднаквост и да ги провериме знаењата кои сме ги стекнале од самата кампања преку интерактивен квиз. Беа присутни околу 60 гости, меѓу кои и Проф.д-р Елизабета Ѓоргиевска, Сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија, Шефот на кабинетот од Министерството за труд и социјална работа – Наташа Димеска и членови на Советот на Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА.

 

 

Покрај интерактивниот дел од настанот, ја имавме и можноста да изразиме благодарност до нашите неверојатни партнери, поддржувачи и соработници кои играат клучна улога во унапредувањето на родовата еднаквост во нашата земја и чија посветеност постојано не инспирира со доделување на признанија.

 

Да продолжиме да ги пробиваме митовите со факти, во текот на целата година и да ја подигаме свеста за предизвиците на родовата еднаквост на работното место чие присуство е сè погласно во нашето секојдневние. 

За ГЕА

Алијансата за родова еднаквост се залага за инклузивна култура, еднаквост и отклучување на моќната синергија помеѓу дигитализацијата, е-трговијата и жените.

Можеби ќе ве интересира...

Следете нѐ

Нашата последна кампања...