fbpx

Професионалната сегрегација: Нејзиното влијание врз родовиот јаз во платите

Разликата во начинот на кој мажите и жените учествуваат на пазарот на труд е што работат во различни индустрии и обично засекогаш се на различни работни позиции. Оваа разлика се нарекува сегрегација на работните места или професионална сегрегација

Професионалната сегрегација: Нејзиното влијание врз родовиот јаз во платите 

 

Што претставува професионалната сегрегација?

 

Разликата во начинот на кој мажите и жените учествуваат на пазарот на труд е што работат во различни индустрии и обично засекогаш се на различни работни позиции. Оваа разлика се нарекува сегрегација на работните места или професионална сегрегација.

 

На пример, жените се со поголема веројатност да бидат негуватели, администратори или HR (човечки ресурси), медицински лица . Мажите се со поголема веројатност да бидат водоводџии, инженери и ИТ професионалци. Вработувањето на жените е концентрирано во она што е познато како „5 C’s“, чистење, грижа, канцелариско работење, касиерство (малопродажба) и угостителство. Групирање на мажи и жени во различни работни места и сектори се нарекува хоризонтална сегрегација на работните места.

 

Вертикалната сегрегација на работните места е попозната како „стаклен таван“ и го опишува феноменот со кој жените се наоѓаат во помлади одделенија во рамките на компаниите и индустрии. 

 

Жените имаат три пати поголема веројатност да бидат администратори отколку менаџери, директори или високи функционери за разлика од мажите.

 

Двата вида на сегрегација на работните места се преклопуваат, со тоа што работните места во кои доминираат жени, како на пример администрацијата, се исто така помалку ценети, во однос на платата и статусот во компаниите, отколку занимања во кои доминираат мажи.

 

Што ја предизвикува професионалната сегрегација?

 

Родови стереотипи

 

Ставовите и очекувањата засновани на родови стереотипи имаат најголемо влијание врз изборот на кариера направени од мажи и жени. Моделите на сегрегација што ги гледаме на пазарот на трудот се рефлектираат на сите нивоа на образование и во сите видови програми дизајнирани за да се развијат вештините на луѓето.

 

Доказите покажуваат дека родовите стереотипи од многу рана возраст имаат влијание врз одлуките што ги носат девојчињата и момчињата и младите жени и мажи, како на пример изборот на предмети во училиште. Фиксните идеи за полот и работата резултираат со концентрација на девојчињата во предмети како биологија, уметност и дизајн, јазици и домашна економија, додека момчињата се со поголема веројатност да учат математика, компјутери и физика. Овие актуелни статистики во образование

не се значително поместени во последните децении.

 

Нефлексибилни работни практики

 

Жените имаат значително поголема веројатност да имаат примарна одговорност за грижата за децата. Тие исто така, се повеќе настроени кон тоа да бидат негуватели за болни лица, лица со посебни потреби и постари лица. Откако ќе имаат деца, многу жени бараат да ги намалат своите часови или да работат флексибилно, за да успеат да балансираат помеѓу работата и домашните обврски и грижата со децата . 

 

Недостаток на флексибилно работење во сите сектори и квалитетната работа со скратено работно време го отежнува ова. Флексибилните работни опции дополнително се намалуваат за раководни и високи улоги. Како резултат на тоа, многу жени завршуваат со работа на единствените достапни работни места со скратено работно време.

 

Работите со скратено работно време се концентрирани во помладите одделенија на компании и во мал број ниско платени работни места и сектори во кои доминираат жени вклучувајќи администратори, малопродажба, чистење и грижа. Недостатокот на флексибилно работење, особено во повисоките работни сектори претставува огромен проблем и е еден од клучните фактори за постоењето на ,,стаклениот таван’’.

 

Потценување на улогите и занимањата

 

Работните места и секторите во кои жените се групирани имаат тенденција да бидат ниско платени и со понизок статус.

 

Тоа е затоа што тие се суштински потценети, бидејќи главно се работи за функции кои ги работат само жените. Потценувањето на работните места во кои доминираат жени како грижа, чистење и угостителството е поврзано со родовите стереотипи, а очекувањата за жените се историски, тие извршувале слични улоги во домот. Таканаречената „женска работа“ има понизок статус и вредност бидејќи вештините потребни за овие работни места се смета дека се својствени за жените и очекувани од нив, и затоа работата не е праведно исплатена.

 

Потенцијалот за потценување на работата на жените е формално признаен во Законот за рамноправност од 2010 година, што се рефлектира во принципот на еднаква плата за работа од еднаква вредност. Еднаквите вредности се мерат во однос на барањата на работното место. Ова значи дека поединецот има право да не се плати помалку во споредба со спротивниот пол каде работата е различна, но е со еднаква вредност во однос на барањата на работното место. Иако две работни места се различни, може да се смета дека имаат еднаква вредност во однос на природата на работата, вештините или обука потребна за извршување на работата и условите за работа. 

 

Обично, различни работни позиции се сметаат за еднакви во вредност кога се анализираат според барањата како напор, вештини и донесување на одлуки од страна на работникот.

 

Потценувањето на работата што ја вршат жените е клучен фактор што ги поврзува причините за родовиот јаз во платите, професионалната сегрегација, нееднаков удел на жените во грижата и дискриминација во платите.

 

Културата на работното место

 

Фактор што придонесува за ,,стаклениот таван’’ се претпоставките за женските и машките способности и преференции. 

 

Често погрешно се претпоставува дека мажите според ,,природните предекспозиции’’ одговараат на раководните позиции и дека жените, особено по раѓањето деца, не се заинтересирани да напредуваат. Сепак, истражување од Catalyst, глобална непрофитна организација која е фокусирана на кариерна помош кај жените и нивен професионален раст преку вклучување во (За нив) адекватно работно место, открива дека 55% од жени се стремеле да бидат на висока лидерска позиција.

 

Нетранспарентните и пристрасни практики за регрутирање и развој создаваат дополнителна бариера за прогресијата на жените, особено кога тие се засноваат на неформални мрежи (познанства, колеги, пријателства, или врски базирани на заеднички интереси или активности), на кои жените имаат помала веројатност да имаат пристап.

 

Работата со скратено работно време најчесто се наоѓа на работни места од пониско одделение, а обично се врши од страна на жените. Често е тешко да се најде квалитетна работа со скратено работно време, во повисоките одделенија. Концентрацијата на скратено работно време на пониско платени работни места е главната причина за работна сегрегација. Како резултат на тоа, многу жени работат под нивното ниво на вештини, што значи дека скоро никогаш не го искористуваат нивниот максимален потенцијал.

 

Размислувајќи креативно за тоа како може да се извршуваат работните места на скратено работно време или флексибилна основа е клучот за искористување на женските вештини и таленти, како и затворање на родовиот јаз во платите.

 

Како сегрегацијата на работните места влијае на работодавците и на економијата?

 

Сегрегацијата на работните места го ограничува изборот на жените и мажите околу работните места, кариерите и обуката.

 

Но, исто така, го ограничува изборот на работодавците кои бараат квалификувани луѓе. Недоволната употреба на вештини и талентите кои ги поседуваат жените имаат директен ефект врз работодавците. Доказите покажуваат дека сегрегацијата на работните места го кочи растот бидејќи толку многу жени  работат под нивното ниво на вештини, придонесувајќи за недостиг на вештини во целата економија. Многу од секторите со најголем недостиг на вештини, на пример, енергија и технологија, исто така се оние во кои жените се недоволно застапени. 73% од жените со високо образование во наука, технологија, квалификациите за инженерство и математика (STEM) не работат во STEM индустриите. 

 

Меѓународни економски институции како што се ММФ (Меѓународен Монетарен Фонд) и World Economic Форумот укажуват дека можноста да се искористат вештините и талентите на жените во светот генерира со раст и продуктивност. На пример, затворањето на родовиот јаз во вработувањето би можело да додаде до 17 милијарди фунти на економијата на Шкотска.

 

 

Кои се придобивките од рушење на родовите бариери при вработување, обука и стекнување на вештини? 

 

  • Компании кои имаат поголем фонд на таленти за избор, бидејќи до половина од населението не е ограничено да избере да работи во одредена индустрија или сектор;
  • Задржување на вработените (Квалитетниот кадар) овозможува задржување на вештините на клучните лица и резултира во намалени трошоци за човечки ресурси и обука
  • Подобрен морал и лојалност, што пак води до поголема продуктивност; и
  • Намалување на вештачките ограничувања на продуктивноста предизвикани од недоволната употреба на женските вештини и таленти.

 

Што можете да направите за да се справите со сегрегацијата на работните места:

 

  • Размислете креативно за дизајнот на работните места за да идентификувате каде може да се извршуваат работните места со скратено работно време или флексибилна основа и истото може да биде нагласено во повикот за вработување
  • Соберете податоци за бариерите за напредување на жените до високи улоги во вашата компанија.
  • Развијте програма за менторство за жени кои сакаат да напредуваат во компанијата.
  • Прегледајте го вашиот процес на регрутирање за да се осигурате дека е транспарентен и без родова пристрасност.
  • Развијте иницијатива за регрутирање која ги таргетира жените за улоги во кои тие се недоволно застапени. Ова може да вклучува објавување огласи за работа на места каде што жените се со поголема веројатност да бидат вработени; 
  • Поставете SMART цели (Специфични, мерливи, остварливи, релевантни и временски ограничени) за да ја поттикнат вашата работа на сегрегација на работните места и вклучете ги во вашиот акциски план за родовиот јаз во платите.

 

 

Извори:

https://www.closeyourpaygap.org.uk/files/briefing-5-segregation-what-means-2020.pdf

https://www.closeyourpaygap.org.uk/pay-gap-guide/#rlslider_1



За ГЕА

Алијансата за родова еднаквост се залага за инклузивна култура, еднаквост и отклучување на моќната синергија помеѓу дигитализацијата, е-трговијата и жените.

Можеби ќе ве интересира...

Следете нѐ

Нашата последна кампања...