fbpx

Зошто 8 март се смета за Mеѓународен ден на жената?

Зошто 8 март е се смета за Mеѓународен ден на жената?

Потеклото на 8 март датира од 1857 година, кога конфекциските работници во Њујорк одржале протести против нехуманите работни услови и ниските плати. Полицијата ги нападнала демонстрантите и ги растерала, но движењето продолжило и довело до создавање на првиот женски работнички синдикат.

 

По неколку децении, 8 март 1908 година: 15.000 жени марширале во Њујорк за да им биде овозможено пократко работно време, подобра плата, право на глас и крај на детскиот труд и експлоатација на деца. Се појавил слоганот „Леб и рози“, со леб што ја симболизира економската сигурност и рози за подобар животен стандард.

 

Многумина од оние кои протестирале за работните права биле млади имигранти од Европа кои биле во Соединетите Држави барајќи подобри можности, вели Керол Розенблат од Коалицијата на работнички синдикати.

 

„Работниците во оваа земја исто така загинаа во нивните напори да ги унапредат работничките права, но тие не се плашеа на ист начин како што беа во некои од земјите од кои дојдоа“, изјавила г-ѓа Розенблат, извршен директор на коалицијата.  „Тие имаа многу поинакви очекувања отколку кога дојдоа овде. Тие беа експлоатирани“.

 

Членовите на Женската синдикална лига (WTUL) од Њујорк позираат со натпис со кој го истакнуваат 8-часовниот ден

 

Идејата да се направи денот меѓународен дошол од Клара Цеткин, комунистичка активистка и застапничка за правата на жените. Таа ја предложила идејата во 1910 година на Меѓународна конференција за работнички жени во Копенхаген, Данска. Таму присуствувале 100 жени од 17 земји, и едногласно се согласиле на нејзиниот предлог.

 

За прв пат денот бил прославен во 1911 година, во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. Стогодишнината била прославена во 2011 година, така што оваа година технички го славиме 113тиот Меѓународен ден на жената.

 

Работите биле официјализирани во 1975 година кога Обединетите нации (ОН) му дале видливост и валидација на овој ден. Првата тема за Националниот ден, усвоена од Обединетите Нации (во 1996 година) била „Прославување на минатото, планирање за иднината“.

 

Меѓународниот ден на жената станал датум за славење на тоа колку далеку стигнале жените во општеството, во политиката и во економијата, додека политичките корени на денот значат штрајкови и протести кои се организирале за да се подигне свеста за континуираната нееднаквост помеѓу мажот и жената.

 

Зошто Меѓународниот ден на жената се слави токму на 8 март?

Постои уште една приказна, за тоа зошто Денот на жената се слави на 8 март. На 8 март 1857 година, работничките во одделот за облека и текстил во Њујорк одржале протест за да побараат повисоки плати, подобри работни услови и еднакви права.

 

Бирото за попис на САД ја прикажал оваа приказна на својата страница, но историчарите не можеа да потврдат (линк на француски) дали овој протест некогаш се одржал, верувајќи дека можеби бил фабрикуван за време на Студената војна за да се отстранат врските на празникот со советскиот болшевизам .

 

Каде е државен празник Меѓународниот ден на жената?

 

Според официјалната веб-страница на IWD (International Women’s day/ Меѓународен ден на жената), повеќе од 25 земји официјално го признаваат Меѓународниот ден на жената како државен празник. 

 

Од 2019 година, Берлин, но не и Германија како целина, го признава денот како државен празник. Во Кина, исто така, не е државен празник, но работодавците се охрабруваат да им дадат на жените половина ден слободен од работа.

 

Меѓународниот ден на жената, накратко познат и како IWD/ International Women’s day, произлезе од работничкото движење за да стане признат годишен настан од Обединетите нации (ОН).

 

Темата на кампањата за Меѓународниот ден на жената 2024 година, на глобално ниво е „Инспирирај инклузија“

 

Меѓународниот ден на жената не е одредена земја, група или организација. Тоа е ден на колективен глобален активизам што им припаѓа на сите оние кои се залагаат за воспоставување женска еднаквост.

 

Светски познатата феминистка, новинарка и активистка, Глорија Стајнем истакнала:

 

„Приказната за женската борба за еднаквост не припаѓа на ниту една феминистка, на ниту една организација, туку на колективните напори на сите кои се грижат за човековите права. Затоа, сите заедно да помогнеме во борбата. Сите активности на Меѓународниот ден на жената (IWD) се валидни, тоа е она што го прави IWD толку инклузивен. Придружете се и направете го IWD вашиот ден со тоа што ќе направите се што можете за да ги поддржите и унапредите жените.’’


 

Кога ги инспирираме другите да ја разберат и вреднуваат вклученоста на жените, создаваме подобар свет. И кога самите жени се инспирирани да бидат вклучени, постои чувство на припадност, релевантност и зајакнување. Колективно, ајде да создадеме поинклузивен свет за жените.

 

 

 

Извори:

https://www.internationalwomensday.com/Theme
https://www.ksat.com/features/2021/03/08/this-is-how-international-womens-day-came-into-existence-and-how-its-celebrated-around-the-globe/
https://time.com/5187268/international-womens-day-history/
https://www.un.org/en/observances/womens-day/background

За ГЕА

Алијансата за родова еднаквост се залага за инклузивна култура, еднаквост и отклучување на моќната синергија помеѓу дигитализацијата, е-трговијата и жените.

Можеби ќе ве интересира...

Следете нѐ

Нашата последна кампања...