fbpx

Ефективни стратегии за намалување на Gender pay gap во e-commerce бизнисите: Практични пристапи и ефективни решенија

Независно од напредокот што го постигнавме во областа на рамноправноста на половите, разликите во платата меѓу жените и мажите сè уште остануваат значителни.

 

GENDER PAY GAP (Родовиот јаз во платите) VS Еднакво плаќање

 

Родовиот јаз во платите е просечната разлика во заработката помеѓу мажите и жените во работната сила, под влијание на фактори како типот на работата и работните часови, за разлика од „еднаква плата“ што значи дека мажите и жените се исто платени за иста работа.


Gender pay gap е разликата во просечната бруто заработка на час меѓу жените и мажите.


Таа се заснова на платите директно исплатени на вработените пред да се одбијат данокот на доход и придонесите за социјално осигурување.

Во речиси сите земји, ако ги споредите платите на мажите и жените, ќе откриете дека жените имаат тенденција да заработуваат помалку од мажите.


Кои фактори влијаат на Gender pay gap (Родовиот јаз во платите)?

 

Gender pay gap е сложено прашање под влијание на различни фактори како што се дискриминацијата, возраста, работното време, родителството (вклучувајќи го времето надвор од работната сила, професионалната сегрегација, желбата за флексибилна работа, образованието итн).


Во просек, жените работат повеќе часови неплатена работа, како грижа за деца или домашна работа. Ова остава помалку време за платена работа. Според статијата на Европска Унија за Gender Pay Gap, бројките од 2020 година, речиси една третина од жените (28%) работат со скратено работно време, додека само 8% од мажите работат со скратено работно време. 


Кога работат и неплатено и платено се смета дека жените работат повеќе часови неделно од мажите.


Жените, исто така, се многу поверојатно да бидат оние кои имаат паузи во кариерата: во 2018 година, една третина од вработените жени во ЕУ имале прекин на работата поради грижа за децата, споредено со 1,3% мажите. Некои избори за кариера направени од работничките се под влијание на грижата и семејните одговорности.


Жените не само што заработуваат помалку на час, туку извршуваат и повеќе неплатена работа како и помалку платени часови и имаат поголема веројатност да бидат невработени од мажите. Во Северна Македонија, жените трошат 2,8 пати повеќе време на неплатена работа и работа за нега за разлика од мажите.


Фактори кои ги „туркаат“ жените на помалку платени улоги

 

Надвор од ефектот што дискриминацијата го има врз платата што ја добиваат жените, тие наидуваат на пречки кога преговараат за повисоки плати. Некои мислат дека тоа е затоа што жените се помалку склони да бараат покачување, но жените генерално се проактивни во обидот да ги зголемат своите плати. Жените бараат покачување исто толку често колку и мажите, но имаат 25% помали шанси да ги добијат. Жените не заработуваат помалку затоа што не можат да соберат храброст да бараат правична компензација – тие се борат за соодветна плата, но наидуваат на отпор повеќе од нивните машки колеги.


Работите кои првично ги извршувале мажи, како што се на пример: советниците, aгентите за билети, сметководители, сега се префрлија на претежно женска работна сила. Како што се зголемува бројот на жени во овие улоги, платите за истите работни места на кои работеле мажите постојано се намалувале.


Штом жените ќе заситат одрердена индустрија, самата работа станува помалку ценета. Обратно е исто така точно. Компјутерското програмирање, првично ниска работа што ја извршувале жените, стана престижна индустрија откако доминираа мажи, а платите вртоглаво пораснаа заедно со таа промена.


Но, и покрај сите статистики, 1 во 4 Европјани веруваат дека родовиот јаз во платите не постои.


Стратегии за намалување на родовиот јаз во платите

 

Во многу земји, нееднаквоста во платите меѓу мажите и жените може да се намали со подобрување на образованието на жените. Очигледна алтернатива е борбата против дискриминацијата.

На пример, покривањето на породилното отсуство може да придонесе со зголемување на задржувањето на жените во периодот на породување, што пак ги зголемува платите на жените преку одржување на работното искуство и работниот мандат.


Слично на тоа, раното образование и грижата за децата може да го зголемат учеството на жените во работната сила – и да ги намалат разликите во платите меѓу половите – со ублажување на неплатената работа за грижа што ја преземаат мајките.


Политиките на пазарот на трудот погодни за семејството кои водат до поголема приврзаност кон работната сила и плати за жените, ќе го зголемат приносот од инвестициите на жените во образованието – така што жените во идните генерации ќе имаат поголема веројатност да инвестираат во образованието, што исто така ќе помогне да се намалат родовите јазови во резултатите од пазарот на трудот.


Постигнувањето на еднаквост во можностите бара да се осигуриме дека ги менуваме нормите и стереотипите кои го ограничуваат збирот на избори достапни и за мажите и за жените. Тешко е, но доказите покажуваат дека и општествените норми можат да се променат.


Директни стратегии кои можете да ги имплементирате се следниве:

Преглед на платната структура

Редизајнирањето на платните структури може да биде ефикасен начин за обезбедување на рамноправни можности за напредок за жените и мажите. Ова вклучува промена на структурите за плати за да се осигураат објективни критериуми за одредување на платите. Ова може да вклучува унапредување на кариерни патеки, променливи компоненти на платата и мерки за да се спречат непотребните разлики во платите меѓу половите.


Обука и надоградување на знаењата

Спроведување на обуки за раководителите и членовите на тимовите е клучен аспект за подигање на свеста околу проблемот со разликата во платата. Овие обуки треба да им помогнат на учесниците да ги разберат причините и последиците на родовата платна нерамноправност, како и методите и стратегиите за нејзиното намалување. Соработката со претставници на синдикати и други здруженија може да допринесе за подобрување на ефективноста на обуките и за поддршка на воведените мерки.


Политики за рамноправност при давање плати

Воведување на политики кои ќе гарантираат рамноправни плати за иста работа или работа со слични аспекти за мажите и жените е важен чекор во борбата против родовата платна нерамноправност. Овие политики може да вклучуваат усвојување на принципот на “еднаква плата за еднаква работа”, како и мерки за активно унапредување на жените во високоплатени позиции.


Флексибилни работни аранжмани

Нудење флексибилни работни аранжмани може да помогнат во поддршка на жените во работниот процес и да им овозможи да го балансираат својот професионален и приватен живот. Ова може да вклучува работа од дома, флексибилно работно време и други облици на работа кои им овозможуваат на жените да ги управуваат своите обврски на работното место и во дома. (Доколку самата работа дава можност за истото)


Мерење

Редовното мерење и следење на податоците за платата по пол може да помогне во оценување на ефектот на воведените мерки и во преземање на дополнителни акции таму каде што е потребно. Ова може да вклучува регуларни извештаи и прегледи на платните структури за да се осигурите дека родовата платна нерамноправност е ефективно адресирана и намалена.

За ГЕА

Алијансата за родова еднаквост се залага за инклузивна култура, еднаквост и отклучување на моќната синергија помеѓу дигитализацијата, е-трговијата и жените.

Можеби ќе ве интересира...

Следете нѐ

Нашата последна кампања...