Заедно за еднаквост на работното мест
Како дел од мисијата за промоција на родова еднаквост и инклузивна работна култура, GEA го разви дигиталниот беџ „Заедно за еднаквост на работното мест“.
Беџот претставува симбол на поддршка и посветеност кон создавање поеднакви, поинклузивни и поддржувачки работни средини. Тој е наменет за компании, организации и партнери кои активно придонесуваат кон унапредување на еднаквите можности, еднаквата застапеност и еднаквиот третман на работното место.
Компаниите кои го поседуваат беџот се препознаваат како организации кои:
поддржуваат еднакви можности и инклузивна организациска култура
вложуваат во развој и поддршка на своите вработени
промовираат позитивни практики поврзани со родова еднаквост
се дел од поширока бизнис заедница која придонесува кон позитивни општествени промени
Беџот може да биде поставен на веб страници, е-mail потписи, социјални медиуми и други комуникациски материјали како јавно признание за поддршката кон вредностите што ги промовира GEA.
Сакате да станете носител на беџот?
Аплицирај за беџ
Контактирајте го GEA тимот и дознајте како вашата компанија може да стане дел од иницијативата „Together for Equality in the Workplace“.






